Државниот врв на именден кај Архиепископот

Date:

Share post:

Претседателот на државата, претседателот на Собранието и Премиерот беа гости на традиционалниот божиќен ручек кај Архиепископот Стефан, кој воедно го слави и својот именден.

Од Кабинетот на Премиерот Димитар Ковачевски велат дека на традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино- државниот врв споделиле пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за  сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му посакал на Архиепископот добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија давајќи го својот придонес во градењето сигурна иднина за младите генерации, како и за напредокот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img