Бројот на жртвите од експлозијата во шиитската џамија се искачи на 47

Date:

Share post:

Бројот на жртвите од експлозија во шиитска џамија во авганистанскиот град Кандахар се искачи на 47, додека 70 лица се повредени, изјави талибански претставник.

Експлозијата се случила во шиитска џамија за време на молитва. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесува АП.

Ова е најсмртоносниот ден во Авганистан по повлекувањето на американските сили од таа земја, според агенцијата.

Локален репортер од Кандахар за Ројтерс изјави дека видел тројца бомбаши самоубијци, од кои едниот се разнел на влезот во џамијата, и двајца активирале експлозив во внатрешноста на зградата.

„ситуацијата е многу лоша. локалната болница ги поканува младите да даруваат крв “, вели локален репортер.

Портпаролот на талибанската полиција Кари Саид Хости рече дека властите собираат податоци. Експлозиите се случија само неколку дена по нападот на Исламска држава врз џамија во северниот град Кундуз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img