Конзервативниот британски пратеник е избоден во црква во Велика Британија.
Скај јавува дека непознат маж влегол во неговата канцеларија и неколку пати го прободел. Полицијата е на местото на настанот, а околните улици се затворени.
Состојбата на пратеникот засега е непозната, како и тежината на повредите. Полицијата на Есекс кратко по инцидентот објавила дека е уапсен маж. Од полицијата велат дека ја прекинале потрагата.
Пратеникот Ејмс е нападнат денеска во методистичката црква во Белфарис.
Британските медиуми пишуваат дека Ејмс е нападнат во текот на состанокот со избирачите. Тие додаваат дека напаѓачот влегол во црквата во последниот час од состанокот и декан го избодел Ејмс повеќе пати.
Полицијата соопштила дека го пронашла ножот со кој бил прободен пратеникот.
Ејмс состанокот со избирачите го најавил на Твитер на 12 октомври.

