Богословски факултет во Скопје ќе биде домаќин на меѓународната конференција

Date:

Share post:

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најави меѓународната научна конференција „Средба со Бога: новозаветни духовности“, која ќе се одржи од 10 до 16 мај во Скопје и Охрид.

Конференцијата организирана во соработка со Универзитетот во Регенсбург (Германија) и Центарот за напредни студии „Beyond Canon“, во рамките на годишната средба на Источноевропскиот комитет за соработка во новозаветните студии (EELC).

Настанот ќе почне на 10 мај со вечерна литургија во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, а следниот ден свеченото отворање на конференцијата ќе биде со поздравни обраќања на архиепископот Стефан, митрополитот Георгиј, претседателот на Источноевропскиот комитет за соработка во новозаветни студии, Тобијас Никлас и деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Илче Мицевски Игнат.

Воведното предавање ќе го одржи проф. д-р Карл-Вилхелм Нибур од Универзитетот во Јена, на тема „Библиската егзегеза на Теофилакт Охридски“.

Митрополит дебарско-кичевски Георгиј ќе зборува на тема: „Кој ќе му каже на мојот Господ? Тој, Господ, слуша“ – Давидовиот избор во Псалм 151 од Септуагинтата

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here