Белгискиот Крал Филип присуствувал на Богосложбата за Неделата на православието во Соборната црква на Вселенската Патријаршија во Брисел. Службата ја водел митрополитот на Вселенската патријаршија Атинагора во сослужение со владици од Кипарската и Грузиската црква и свештеници од сите православни заедници во Белгија, а молитвено присуствувал и романскиот епископ Марк.
Присуството на Кралот на Белгија е поврзано со 50 годишнината од основањето на митрополијата во Белгија во 1969 година. Кралот Филип има голема почит кон добрите односи меѓу државата и религиите и тоа е главната причина да ја прифати поканата на Белгискиот митрополит Атинагора. Ова всушност е и прв случај Кралот на Белгија да посети православна црква.
-Црквата Ви е благодарна за местото кое го има во нашето општество. Ние добро знаеме дека треба да соработуваме за благословената иднина на нашата држава и граѓаните. Ние ја препознаваме исто така важната улога што Вашето Величество ја има по тоа прашање. Затоа ние во сите православни средини, за време на Богослужбите се молиме за Кралството на оваа држава, Филип и Матилда, за властите и за нејзиниот народ, изјавил митрополитот Атинагора.
/Двери бг

