Почетна Вести Христијанство Базар на рачно изработени производи ќе се одржи на 11 и 12 мај во Марков манастир
Базар на рачно изработени производи ќе се одржи на 11 и 12 мај во Марков манастир

Базар на рачно изработени производи ќе се одржи на 11 и 12 мај во Марков манастир

156
0

Во организација на здружението на граѓани „Марков манастир 1345” на 11 и 12 мај годинава во дворот на истоимениот манастир ќе се одржи голем базар на рачно изработени производи.

Во рамки на дводневната манифестација насловена „Ајде да се дружиме”, во дворот на манастирот предвидена е и детска ликовна колонија и работилница за деца кои ќе се едуцираат за изработка на икони, работа со тесто, декутаж техника, а ќе се организираат и разни игри и други изненадувања.

Освен детската ликовна академија и работилниците за изработка на ракотворби, ХАЕМУС – Центар за научни истражувања и промоција на културата организира едукативна тура: Како да изградиш и како да насликаш своја византиска црква проследено со едукативно предавање од 30 минути, визуелно прилагодено за деца од претшколска и школска возраст.

Настаните во двата дена ќе се одвиваат во терминот од 11 до 17:30 часот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *