Балашов од РПЦ: Постои можност вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае МПЦ без согласност на СПЦ

Date:

Share post:

Николај Балашов, заменик претседател на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, изјавил дека постои можност Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА и без согласност на Српската црква, посочувајќи дека тоа може да се случи по барање на американската дипломатија и во Црна Гора.

Балашов сепак потенцирал дека Московската патријаршија ќе остане да го поддржува единството на СПЦ и дека е против создавањето на нови цркви.

-Ние во РПЦ го поддржуваме единството на Српската православна црква и сме против создавање на нова црква во Црна Гора. Постои можност патријархот Вартоломеј, без согласност на Белград, да ја признае и автокефалноста на „Скопската црква“, како што велат во Константинопол, бидејќи никогаш нема да ја признаат како Македонска црква, изјавил Балашов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img