Архиепископот Стефан во Ватикан не се виде со Папата, но разговарал со Кардиналот за промовирање на црковното единство

Date:

Share post:

Црковната делегација на МПЦ-ОА, предводена од Архиепископот Стефан, иако немаше официјална средба со Папата Франциск, поради неговата здравствена состојба, сепак таа била примена од претставници на Ватиканските власти.

За време на престојот во Ватикан Поглаварот на МПЦ ОА бил примен од кардиналот Курт Кох, префект на дикастеријот за промовирање на црковно единство, претходно тело именувано како „Папски совет за промовирање на христијанското единство“. Официјално соопштение за што се разговарало нема, но сепак, со оглед на соговорникот од Ватикан, неизбежна тема било црковното единство во христијанскиот свет.

Вчера пак во Ватикан, македонската амбасада при Светата столица организирала прием во чест на неговото Блажество г.г. Стефан, Архиепископ на МПЦ-ОА. На свеченоста присуствувале амбасадори и други дипломатски преставници на странски држави во Ватикан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img