Почетна Вести Христијанство Албанската црква ја прифат одлуката на Вселенската Патријаршија – ќе чека конечен Томос од Вартоломеј
Албанската црква ја прифат одлуката на Вселенската Патријаршија – ќе чека конечен Томос од Вартоломеј

Албанската црква ја прифат одлуката на Вселенската Патријаршија – ќе чека конечен Томос од Вартоломеј

995
0

Синодот на Православна Црква на Албанија одлучи да ја прифати одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање на МПЦ-ОА, како Охридска Архиепископија во канонско единство на православните цркви.

Албанските архиереи како име на црквата го признаваат Охридска Архиепископија и една од ретките цркви кои ќе го користат ова име, а не името Православна црква во Северна Македонија.

-Светиот Синод на Автокефалната Православна Црква на Албанија, на седницата од 23 февруари 2023 година, под раководство на Неговото Блаженство, Архиепископот Ананасиј, повтори дека со задоволство ја поздравува одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија од минатиот мај 2022 година, дека ‘Таа ги прифаќа во евхаристиска заедница јерархијата, свештенството и мирјаните на Црквата под Архиепископот Стефан… Како име на оваа Црква го признава ‘Охридска’ (што значи дека областа на нејзината јурисдикција се наоѓа само во границите на територија на државата Северна Македонија)’, стои меѓудругото во соопштението.

Православната црква на Албанија, која и во соопштението се именува како Православна црква на Албанија, а не како Албанска православна црква, потенцира дека во овој период не излегла со официјално соопштение, бидејќи чекала да се завршат потребните црковни процедури.

Владиците на Албснаката црква соопштуваат дека се чека конечното решение за статус на автокефалност и точното име на новата помесна црква од Светиот центар на Вселенската патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *