Патријархот Александриски и на цела Африка Теодор II пристигна во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул, каде што беше пречекан од Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Посетата е по повод прославата на патроналниот празник на Цариградската црква, посветен на светиот апостол Андреј Првоповикан.
Посетата е во рамките на чествувањата по повод патроналниот празник на Цариградската црква, кој се одбележува на 30 ноември, на денот посветен на нејзиниот основач и заштитник, светиот апостол Андреј Првоповикан.
При пристигнувањето во седиштето на Патријаршијата, патријархот Теодор беше пречекан од свештенството на Патријаршискиот двор, предводено од митрополитот Анкарски Григориј, вршител на должноста протосинкел.
Со свечено биење на камбаните, поглаварот на Александриска патријаршија влезе во патријаршиската црква „Свети Георгиј“, каде што запали свеќа и се поклони пред светата икона на светиот апостол Андреј и пред светиот олтар, додека хоровите го пееле „Достојно ест“.
На средбата, од страна на Вселенската патријаршија присуствуваа старецот митрополит Халкидонски Емануил, митрополитот Проиконески Јосиф, архиепископот Канадски Апостол, митрополитот на Саранта Еклисиес Андреј и митрополитот Анкарски Григориј.
Во придружната делегација на патријархот Теодор беа митрополитот Гвинески Георгиј, митрополитот Мемфиски Никодим и архимандритот Атанасиј Погијацис, вршител на должноста главен секретар на Александриска патријаршија.
По средбата, Вселенскиот патријарх приреди свечен ручек во чест на патријархот Теодор и неговата придружба во Патријаршиската трпезарија.
Според најавената програма, на 29 ноември патријархот Александриски Теодор II ќе началствува со светата архијерејска литургија во патријаршиската црква „Свети Георгиј“.

