Митрополитот Брегалнички Иларион присуствуваше на погребот на Ловчанскиот митрополит Гаврил, кој се одржа на 24 ноември во градот Ловеч, Бугарија.
Иларион учествуваше на заупокоената литургија и на опелото во катедралниот храм „Св. Кирил и Методиј“, со благослов на архиепископот Стефан, соопшти Брегалничката епархија.
Опелото го служеше бугарскиот патријарх Даниил, во сослужение со архијереи на Бугарската православна црква и претставници на повеќе помесни православни цркви.
Ловчанскиот митрополит Гаврил почина на 22 ноември, по кратко боледување. Тој ја предводеше Ловчанската епархија од 2001 година, а со неговата смрт епархискиот престол остана испразнет.
На погребот присуствуваа црковни претставници од повеќе православни цркви, меѓу кои и претставник на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

