Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф присуствуваше на свеченоста по повод 80-годишнината од постоењето на Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.
Настанот се одржа на 23 ноември во Камерната сала на Македонската филхармонија, под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информира Тетовско-гостиварската епархија, митрополитот Јосиф присуствувал на одбележувањето со благослов на архиепископот Стефан.
Детскиот дом „11 Октомври“ осум децении се грижи за деца без родители и без родителска грижа. Установата во изминатите години го менуваше моделот на згрижување, со развој на станбени единици и поддршка на згрижувачките семејства.

