Охрид го одбележа споменот за починатиот митрополитот Тимотеј

Date:

Share post:

Со заупокоена архиерејска Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, денеска беа одбележани две години од упокојувањето на митрополитот Тимотеј, поранешен Дебарско-кичевски митрополит.

Литургијата ја служеше актуелниот Дебарско-кичевски митрополит Георгиј, а по нејзиното завршување на гробот на митрополитот Тимотеј беше отслужен парастос во спомен на упокоениот архиереј.

Митрополитот Тимотеј се упокои на 25 ноември 2024 година. Тој повеќе децении беше на чело на Дебарско-кичевската епархија и беше еден од највлијателните архиереи во МПЦ-ОА.

Одбележувањето на годишнината се одржа на денот кога Православната црква го празнува споменот на свети Јован Милостив и преподобен Нил Постник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img