Архиепископот Стефан на средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан остварил средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Средбата се одржала на 24 ноември, а на неа присуствувал и секретарот на Скопската епархија, протоѓакон Ванчо Умленски.

Информацијата ја објави Скопската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, без да соопшти дополнителни детали за темите на разговорот.

Засега нема информации дали на средбата биле отворени прашања поврзани со односите меѓу Црквата и државата, безбедноста на верските објекти или други прашања од заеднички интерес.

Објавата е придружена со фотографии од средбата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img