Грузиски митрополит: Кирил ја благослови војната и крвопролевањето

Date:

Share post:

Митрополитот Јов одговори на критиките по посетата на грузиска црковна делегација на Москва, оценувајќи дека поддршката на рускиот патријарх за војната во Украина мора да биде осудена

Митрополитот Јов од Урбниси и Руиси на Грузиската православна црква остро го критикуваше московскиот патријарх Кирил поради неговата поддршка за руската војна против Украина, оценувајќи дека тој е човек кој „ја благословува војната и крвопролевањето“.

Изјавата митрополитот ја даде во интервју за грузиската телевизија „ТВ Пирвели“, одговарајќи на прашање за посетата на делегација на Грузиската православна црква на Москва и средбата со патријархот Кирил.

„Ќе кажам само едно: патријархот Кирил е човек кој ја благослови војната и крвопролевањето. Сето тоа мора соодветно да се оцени. Да, тој е патријарх на една голема земја, Русија, но ја благослови оваа војна и ја поддржа. Тоа е човекот за кого зборуваме“, изјави митрополитот Јов.

Во однос на испраќањето грузиска црковна делегација во Москва, тој остави простор за дипломатско толкување на потегот, оценувајќи дека тоа можеби е еден аспект на дипломатијата.

Грузиската делегација престојуваше во Москва од 19 до 21 ноември, по повод одбележувањето на 80-тиот роденден на патријархот Кирил. Во неа беа митрополитот Теодор од Ахалцихе и Тао-Кларџети, митрополитот Герасим од Зугдиди и Цаиши, митрополитот Андрија од Гори и Атени, епископот Вахтанг од Никорцминда и протојерејот Георгиј Звиададзе.

На 20 ноември, делегацијата учествуваше на свечената литургија во храмот „Христос Спасител“ во Москва, заедно со претставници на други помесни православни цркви. Следниот ден, грузиските архиереи остварија средба со патријархот Кирил во патријаршиската резиденција при Даниловиот манастир.

Митрополитот Јов е меѓу грузиските архиереи кои јавно изнесуваат критички ставови и за политичките состојби во сопствената земја, особено за односите меѓу државната власт и црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img