Папата Лав XIV повторно немаше среќа во Перу

Date:

Share post:

Посетата на папата Лав XIV на Перу заврши со уште една незгода, откако автомобилот во кој се превезувал нагло закочил за да избегне судир со мотоцикл. При ненадејното запирање, поглаварот на Римокатоличката црква со главата удрил во наслонот на предното седиште.

Инцидентот се случил во градот Каљао додека папата се движел во колона возила, објави 4news.mk, а на видеоснимките од настанот се слушаат извиците и реакциите на верниците собрани покрај патот. По ударот, папата кратко му се обратил на возачот, но засега нема потврда дали претрпел повреди, ниту дали во моментот носел сигурносен појас.

Ова е втор ваков инцидент за време на неговиот престој во Перу, откако претходно, додека се возел во папамобилот низ Лима, бројаница фрлена од верник го погоди во пределот на окото.

Папата Лав XIV во вторникот наутро се врати во Рим по 12-дневната турнеја низ Латинска Америка, која финишираше токму во Перу – земја чие државјанство го поседува покрај американското.

Пред заминувањето, тој им се заблагодари на Перуанците за гостопримството:

„Се чувствував како дома, а вие ме потсетивте дека Црквата е навистина семејство“, изјави папата, пренесува „Ватикан њуз“.

Инаку, пред да биде избран за поглавар на Католичката црква, Лав XIV со години живеел и служел во Перу како мисионер и бискуп, со особено силни врски со градот Чиклајо, поради што земјата ја смета за своја втора татковина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img