Со традиционален Водосвет во пленарната сала на грчкиот парламент почна новото заседание на Парламентот, во присуство на Архиепископот Атински и на цела Грција Јероним и членовите на Светиот Синод на Црквата на Грција.
Црковниот обред се одржа по завршувањето на претходното парламентарно заседание и формалното отворање на новото, а Архиепископот Јероним во своето обраќање до пратениците упати молитвени желби за здравје, сила, еднодушност и трпение.
Архиепископот и членовите на Светиот Синод беа пречекани во Парламентот од претседателот на грчкиот парламент Никитас Какламанис и првиот потпретседател Јоанис Плакиотакис. Пред почетокот на церемонијата тие имаа и кратка средба со премиерот Кирјакос Мицотакис.
Водосветот во грчкиот парламент е дел од традиционалниот почеток на парламентарната година и претставува видлив пример за присуството на православниот црковен обред во највисоката законодавна институција на Грција.

