Свештеник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се најде во финалето на тениски турнир во Струмица и го освои второто место во машката конкуренција.
Отец Ѓорги од Струмичката Православна Епархија беше вицешампион на клубскиот турнир за рекреативци, што го организираше Тенискиот клуб „Нет“ од Струмица.
На турнирот настапија дваесетина тенисери, распоредени во шест групи. По натпреварите во групната и елиминациската фаза, отец Ѓорги стигна до финалето, каде за противник го имаше Ване Андонов.
Андонов го освои првото место, додека отец Ѓорги го заврши турнирот како вицешампион.
Во женската конкуренција, победничка беше Софија Петковиќ, која во финалето ја совлада Слободанка Симевска.
Турнирот беше наменет за рекреативни тенисери и се одржа во организација на Тенискиот клуб „Нет“ од Струмица.

