Вселенскиот патријарх Вартоломеј се сретна со кралот Чарлс III во Балморал

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј се сретна со британскиот крал Чарлс III во замокот Балморал во Шкотска, личната летна резиденција на британскиот монарх.

Кралот, по исклучок, го прими Вселенскиот патријарх на приватна средба во замокот, која првично била предвидена да трае половина час, но разговорот бил продолжен за уште 30 минути. Според Orthodox Times, средбата се одвивала во топла и пријателска атмосфера.

Ова е втора средба на Вартоломеј и Чарлс III откако британскиот монарх стапи на престолот. Претходната се одржала во октомври 2022 година, додека Вартоломеј и тогашниот принц од Велс претходно се среќавале и во Лондон.

По завршувањето на средбата, кралот Чарлс III го испратил Вселенскиот патријарх до излезот од замокот.

Вартоломеј на средбата бил придружуван од епископот Илионски Рафаил, кој служи во Шкотска, и големиот еклисијарх Аетиј, директор на Патријаршиската приватна канцеларија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img