Филипче во манастирот во Калишта во пресрет на Мала Богородица

Date:

Share post:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го посети манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во струшко Калишта, во пресрет на празникот Мала Богородица.

Филипче на социјалните мрежи објави дека бил во манастирот, кој, како што наведува, има посебно културно, духовно и историско значење за Струшкиот регион.

 

„Убаво е чувството во вакви денови да се биде меѓу луѓето и да се почитуваат местата што го чуваат нашето наследство“, напиша Филипче.

Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта се наоѓа во близина на Струга, а празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица се одбележува на 21 септември.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img