Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј, со чиј благослов во Охрид се организира православниот камп за деца од Србија, Косово и од регионот, во изјава за дневниот весник Вечер вели дека Охрид е вистинското место за растење во верата на младите генерации.
–Не постои подобро место од Охрид, тоа духовно огниште низ вековите до денес, каде што најмладите ќе имаат можност, не само што се дружат, туку и да се поучуваат и растат во верата и љубовта кон Бога. При посетите на црквите и манастирите, нашите свештеници ќе им говорат за историјата и значењето на овие духовни светилишта, а преку молитвата, заедништвото и поуките, тие ќе се поучуваат како во својот живот да ги вградат добродетелите и како да ги вреднуваат вистинските морални вредности. Се надевам дека сите тие оттука ќе заминат исполнети со духовен мир, радост и спомени за заедничка дружба што ќе се паметат цел живот, изјавил митрополитот Георгиј за Вечер.
Во организација на здружението „Мир, слога, стабилност“ од Скопје,( кое ги прганизираше протестите за поддршка на Вучиќ во Куманово) се одржува детски православен камп кој собра 65 деца од Косово, Република Српска, централна Србија и Македонија.

