Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, имал средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана.

-Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.

Додава дека го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво.

-Искажав голема благодарност за честа да се сретнам и да поразговарам со г.г. Стефан и во оваа прилика, му подарив и примероци од македонскиот весник “Илинден“ и Брошурата на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН на македонски јазик, нагласи Ѓурѓај.

Исто така, додава тој, го информирал и за добрата соработка што ја имаат со Поглаварот на Албанската автокефална православна црква, Јован.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img