Во Охрид започна Детскиот православен камп кој собра деца од Косово, централна Србија и регионот.

Date:

Share post:

Во организација на здружението „Мир, слога, стабилност“ од Скопје,( кое ги прганизираше протестите за поддршка на Вучич во Куемново) се одржува детски православен камп кој собра 65 деца од Косово, Република Српска, централна Србија и Македонија. Организиацијата на кампот е со благослов на владиката Героргиј.

Во наредните осум дена децата ќе се запознаат со културно-историското богатство на Охрид, кој многумина го нарекуваат и Балкански Ерусалим.

„Би сакала да им се заблагодарам на организаторите на кампот. Децата веќе многу добро се снајдоа, програмата е исклучително добро подготвена, богата е со активности, така што активностите кои се многу добро осмислени им се допаѓаат на децата“, истакна Наташа Трифуновиќ, воспитувач од Источно Сараево.

„Можам да кажам дека сум многу почестена што добив можност да учествувам на едно вакво патување. Сметам дека програмата е многу убаво осмислена за подобро да се запознаеме со културното наследство на српскиот народ и на православните христијани. Тие сфатија дека сите ги поврзува нивното православие и дека всушност сите ние сме исти и дека пред сè треба да бидеме луѓе, да си помагаме едни на други без разлика каде се наоѓаме и живееме“, истакна Оливера Радаковиќ, воспитувачка од Липљан.

„Во посета сме на православните светилишта во Македонија и тоа многу значи за сите деца. Речиси сите се овде за првпат. Ја посетивме и црквата „Свети Климент“, потоа „Свети Наум“, „Свети Јован Канео““, вели Нела Меќанин, воспитувачка од Чачак.

Покрај бројните поклонички патувања, ова здружение годинава преку православието и духовноста ќе ги поврзе децата од регионот преку молитва.

ФОТО:РТГ

„Ние како здружение во последните три-четири години работиме на една мисија за поврзување на народите преку нивните духовни вредности, токму преку верата и православието. Сметаме дека тоа е мост на пријателство меѓу децата од различни држави во регионот, каде што тие се собираат и се дружат преку разни работилници, учат за верата и православието и стекнуваат нови искуства, но и убави спомени што ќе ги понесат од Охрид и се надевам дека тоа долго ќе остане во нивното сеќавање.

Освен посетата на Охрид, ги водевме децата и во Острог, Тумане, бројни големи српски светилишта, Пеќската патријаршија, Високи Дечани, Грачаница, имаме благослов од Хиландар и четврта година по ред водиме поклоници во Хиландар. Работиме на нешто што ни останало нам, а тоа е верата во Бога“, вели Маја Денковска, претседателка на здружението „Мир, слога, стабилност“ од Скопје.

По обиколката на светилиштата ќе бидат одржани грнчарски, ликовни и фолклорни работилници.

/новости.рс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img