Религија.мк од свои извори дознава дека денес се одржало продолжение на редовната седница на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА во полн состав, одржана пред скоро еден месец на 26 мај 2026 година. Засега нема официјални информации за донесените одлуки и заклучоци, ниту пак од Канцеларијата на САС е објавено соопштение за текот на седницата, што не е вообичаена практика, освен ако седницата била во малку тензична атмосфера.
Неизвесноста околу исходот на седницата предизвикува дополнителен интерес во јавноста, особено ако се има предвид низата јавни скандалозни настани на митрополитот Петар како на пример за тоа дека пред Синодот стојат одамна повеќе значајни и сè уште нерешени прашања.
Меѓу нив се барањата и статусните прашања, односно барањето за помош поврзани со епархиите на поранешните архиереи на Православната Охридска Архиепископија, изборот на надлежен архиереј за Австралиско-сиднејската епархија, како и повеќе теми од областа на меѓуцрковните односи и надворешната политика на МПЦ-ОА.
Дополнително внимание привлекуваат и прашањата поврзани со состојбите во дијаспората, по јавните изјави на митрополитот Петар за поделба на Европската епархија, како и натамошното уредување на односите во епархиите надвор од државата, по неговите напади на членовите и управите во Австралиско-сиднејската епархија.
Што било донесено како одлуки, засега останува во сферата на шпекулациите. Во очекување на официјално соопштение од Синодот, кое би требало да даде појасна слика за донесените одлуки и идните насоки на дејствување на највисокото црковно тело на МПЦ-ОА, неофицијалните информации на Религија.мк, велат дека владиката Петар доживеал уште еден пораз, по неодамнешната седница.


Па нели била седница во полн состав? Значи, сите кои би можеле да бидат затрогнати биле присутни, слушнале, виделе, знаат се’ што треба да знаат, дури и имале можност за влијание врз сите одлуки.
Од што вас ве фаќа паника?