Американската амбасадорка објави фотографии од средба со Ерусалимскиот патријарх и предизвика бура од реакции

Date:

Share post:

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл имала средба со Ерусалимскиот патријарх Теофил во Атина, за време на неговата посета на Грција.

Амбасадорката сподели фотографии од средбата, за кои многунина во јавните рекации коментираа дека се крајно непристојни. Иако облечена во црна облека, сепак американската амбасадорка во Атина на средбата дошла до кратко здолниште над коленици.

Инаку таа во објавата на Фејсбук напиша: „Бев длабоко благословена што се сретнав со Неговото Блаженство Теофил III, патријарх на Светиот град Ерусалим, во Атина. Чинот на Неговото Блаженство, со кој претседателот Доналд Џ. Трамп беше одликуван со титулата Голем носител на Крстот на Редот на носителите на Крстот на Светиот Гроб Господов, ги истакнува длабоките врски на верата меѓу Соединетите Американски Држави и Грчката православна црква. Соединетите Американски Држави остануваат посветени на заштитата на верската слобода ширум светот.“

Кимберли Гилфојл е американска адвокатка, телевизиска водителка и политичка коментаторка. Како политички аналитичар беше дел од американската ТВ-мрежа Fox News. Амбасадорската функцијата ја презеде во 2025 година, по номинација од администрацијата на Трамп.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img