Петар: Владиката Пимен му подметна на Српскиот патријарх Порфириј расчинет монах да сослужуваат

Date:

Share post:

Владиката Петар повторно го нападна владиката Пимен, овој пат дека сослужувал со расчинети свештеници, нешто за што треба да биде санкциониран.

Иако директно не го спомна со име, станува збор за игуменот Гаврил, за кого Петар тврди дека е расчинет, и дека Пимен му го подметнал за сослужување на архиепископот Стефан и на Српскиот патријарх Павле за време на осветувањето на црквата во Загреб.

– Свештено монах, кој е расчинет, е покануван принудно да служи и сослужува не само со владици од нашата црква, туку ете во Загреб го донесе да сослужувал со нашиот архиепископ, го принуди дури и патријархот Порфириј, кој учествуваше во осветувањето на црквата. Извинете, ама ако ние така се однесуваме, да не ги признаваме првостепените пресуди за оние кои се расчинети, се здружуваме, правиве заговор и ќе правиме злосторничко здружување за да некого спасуваме кој е расчинет. Мора да се почитуваат судските пресуди, а кај нас не се почитуваат, изјави владиката Петар.

Петар тврди дека во Синодот има здружување на одредени архијереи кои не дозволувале почитување на прописите и решавање на расчинетите лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img