Петар бара Јован да биде пензиониран

Date:

Share post:

„Факт е дека митрополитот Јован не е во никаква состојба здравствено за да може да ја извршува својата мисија. Треба да бидеме размумни дека треба човекот да оди во мирување (пензии)“. Ова вечерва го гостување на поткастот Попкаст на Слободен Печат го изјави владиката Петар, ден пред одржувањето на утрешната синодска седница во полн состав, на која треба да се разгледува барањето на владиците од поранешната ПОА за зголемување на епархиите.

Владиката Петар во неговото трето инетрвју за само една недела, вели дека од осим парохии, кои што ги има Јован, имал само тројца активни парохиски свештеници.

-Имам свештеник од кај него кој моли да помине во мојата епархија, вели Петар.

Тој тврди дека Јован не е во состојба да ја извршува својата мисија како владика и затоа треба да биде пензиониран. Го нападна и дека во својата епархија поканувал  „Гуру духовници“, потенцирајќи на некои српски теолози кои му беа гостти.

-Како Предраг. Инфлусенсери, се тоа. Ако Митрополитлт Јован сакаше да врши мисија, нека врши, но зошто доаѓаат други да вршат мисија, вели Петар.

Според објавата на водителот на поткастот, на утрешната седница на дневен ред е точка за „финансиска помош“, дали тоа значи дека нема да има распределба на територии, Петар директно не одговори, но го нападна и епископот Марко, дека трошел пари за шетање по Европа, а овде се жалел дека немал пари.

-Марко беше во малта. Јас не можам таков луксуз да си овозможам, а немал од што да живее, а е постјаано те во Германија, те во Малта. Извинете ама таму не се оди без пари. Од друга страна Јован вели дал 50.000 евра за 2025. Ако имате такви пари да давате, да видиме од каде стигаат тие пари. Во исто време по судски пресуди, што имаше напади кон мене, должи 18.500 евра. За се тоа ќе се дискутира, но реално да се видат работите. Најмногу загрижува што имотите што ги користеа не ги префрлија, изјави Петар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img