Незнам што чурук луге сме биле? Уплав ги фаќа лугето ако некој ја кажел вистината? Веднаш обвинувања, етикетирање, омаловажувања местенки и што уште не? Ако ви е чиста совеста, ако ги знаете работите изворно зошто ти реков, ми рече? Сите цел живот ја посакуваме вистината, ама пред вистината говориме во нечиј севдоним.
Овој текст претставува одговор на обидите преку навреди, етикетирања и полуинформации да се дискредитираат луѓето кои со децении ја носеле тежината на македонскиот црковен и национален живот во Австралија. Наместо молк пред неправдите и искривувањето на вистината, овој одговор е сведоштво за борбата, жртвата и љубовта на генерациите Македонци кои ги граделе храмовите, заедниците и институциите во дијаспората. Не за да создаваат поделби, туку за да остават корен и иднина за своите деца.
Во време кога сѐ почесто се суди од далечина, а вистината се заменува со лични квалификации и анонимни конструкции, потребно е да се потсетиме дека зад секоја македонска црква во Австралија стојат илјадници човечки судбини, пожртвуваност, доброволна работа, солзи, кредити, хипотеки и љубов кон татковината и Црквата. Овој одговор не е насочен против никого лично, туку против неправдата, заборавот и обидите да се омаловажи народот кој ја создаваше и ја сочува Македонската православна заедница на петтиот континент.
Затоа, наместо пресуди изречени под псевдоними, потребни се искрен дијалог, одговорност и соочување со фактите. Бидејќи вистината – колку и да се оттурнува – секогаш повторно излегува на виделина.
Пишува: Кире Циревски
Во последното мое писание на Религија мк, особа под име „Ангелина“ или можеби некој „Ангел“ не согласувајки се со моите ставови се обиделе да направат некаков опис, а покрај мене и за македонската заедница во Сиднеј. Па ке се обидам колку што можам да одговорам на некои од нејзините или нивните прашања кои ги поставуваат, за да се осознаат со вистината, за судбината на македонците во Сиднеј и пошироко.
Благодарам на вашиот опис за извесниот – некојси Кире Циревски, некаков македонски активист, кој живеел во Сиднеј. На прв поглед пишувате дека изгледало да сум бил некаков соработник на агендата на Религија.мк за некаков прогон против некои епископи? Јас не сум толку просветлен како Вас да правам некакви планови и прогони, нити имам потреба. Планови можеби прават оние кои се кријат зад лажни имиња. Но, ако некој ја говори вистината тогаш го етикетираме, тој е против црквата, против епископите, против државата? Но, вистината е некогаш многу тешка, и затоа никој не сака да ја земе тежината на вината врз себе.
Јас сум обичен работник во оваа Австралија, во која живееле и вашите роднини кои наводно ви кажувале како што пишувате кој бил Кире и какви биле управите по црквите во Сиднеј, дека тоа биле луге кои настојувале да извлечат лична материјална корист! Малограѓанска работа.
Значи оние верници кои ги изградија црквите, пишувате дека се арамии. Браво! Толкава благодарност кон оние што го запалија Свети Климентовото кандило на петтиот континент и ги отворија вратите за да можете да се шеткате и вршите тортура врз чесниот македонски народец. Како вашите роднини останале да живеат во Австралија кога кажувате дека овде владеел законот на џунглата?
Пишувате дека во оделни црковни општини не сакаат да посветат внимание (се мисли на верниците или вероватно на управите), на литургискиот живот и на верата и се занимаваат со други работи и активности? Со еден збор сакате да кажете дека нема литургиски живот во Сиднеј?
–За литургискиот живот во Св. Петка, можете само да сонувате. Имаме одличен свештеник. Народот е тука. Во Св. Петка секој ден е велигден? За Ваше знаење во Св. Петка има организиран литургиски живот на повисоко рамниште и од црквите во Преспанско-битолската епархија на дедо ви Петар, а за Австралиско-новозеландската која ја управуваше до неодамна се слуша дека била оставена во тотален колапс на неговите внуци, во Сиднеј затворена црква бидејќи управата наводно и свештеникот не му ги давале финансиските стредства, парите на некој друг свештеник иако наредбата дошла од владиката Петар, но за тоа можете да ги распрашате вашите роднините да ве известат вероватно тие знаат многу повеќе? Имате востановено добра обавештајна служба? Можеби подобра и од израелскиот „МОССАД“?
За оние другите работи што се занимавале: Црковните општини кои се регистрирани пред австралиските власти, подлежат на австралиските закони. Се одржуваат редовни собранија според законската регулатива. На тие собранија се поднесуваат извештаи за сработеното на меѓусобранискиот пeриод, финансиски извештај од државен книговодител. Во доменот на црковната општина активно работи Куд Илинден кое оваа година, прославува 60 год. од формирањето на друштвото 1966 год. Женската пензионерска група „Добро утро“, Пензионерското друштво „Св. Петка“, Шаховското друштво „Илинден“, „МОЈА“ младинска асоциација за веронаука, „Розова панделка“ хуманитарна асоциација, вечерно училиште на македонски јазик специјално за младите од мешани бракови (кое со благослов на дедо ви Петар го затвори тогашниот парохиски свештеник. Истиот тој свештеник на едно од судските рочишта го фатија во судот со фалсификувани документи – погледај:
Покрај овие друштва кои работаат во доменот на црквата, просториите во домот ги користат уште десетина селски друштва. Фудбалскиот клуб„Илинден“ кој денес e фудбалски гигант се натпреварува во највисоката фудбалска лига на Нов Јужен Велс формиран во доменот на црквата, сега е независен од црквата. Владиката Петар кој го величате ја тужи управата на Св. Петка дека финансиски го помагала, нотарна лага која само Петар може да ја скува. Управата во тоа време беа неговите пајташи кои го донесоа во Австралија, и тогаш во банката се потпишале како гарантори за да може фудбалскиот клуб да земе кредит и сами да си го отплаќаат кредитот. Во што е гревот?
Првиот центар за згрижување на деца од предшколска воздраст (детска градинка) единствен во цела дијаспора беше центарот „Илинден“ кој е продаден со јавно надавање од страна на адвокатите бидејки беше под хипотека во времето кога се водеа судските рочишта. Школскиот одбор за Нов Јужен Велс формиран е тука, а сега е самостојна организација. Во што е проблемот што говорите за другите активности. Становите кои се продадени средствата се вратени на банката, да не се дожи, а остатокот место да ги земе владиката Петар им ги отстапи на адвокатите.
Управата успеа покрај сите патешествија еден од продадените станови да си го врати назад? Вероватно и тоа е некакво зло, кое му го препишувате на секој кој ќе спомне црква, а поготово на дедо Петар.
Почитувана Ангелина,
Дали да останеме со скрстени раце и да ги оставиме нашите деца да се асимилираат, и да станат уличари во овој развратен свет?
Значи да не ги славиме државните и црковните празници, да го заборавиме Илинден, 11 Октомври, 8 Септември, да се откажеме да не ги спомнуваме Гоце, Даме Јане, Карев, ниту гемиџиите, туку да си ќутиме за зло делата кои ни се прават.
Како заедница преку школските одбори се изборија македонските деца да имаат право во средните редовни државни австралиски училишта во редовна настава да го изучуваат македонскиот јазик. Сите тие ученици најповеке поени добиваат на мајчиниот македонски јазик што им дава можност за упишување на подобрите факултети. И тоа е грев?
Македонските православни црковни општини се мини парламенти! Тие се центри на сите збиднувања. Тука се организираат и подготвуваат сите протести и демонстрации против сите негаторите на нашиот опстој. Зарем и тоа не ви се допаѓа и треба да молчиме? Навистина е многу тешко да му погодиш на сите?
Затоа Ангелина ако не сте во состојба да помогнете како авторитет кој се преставувате, тогаш немој да се обидувате да им пресудувате на оние кои ниту ги знаете ниту имаат давање и земање со вас. Доста ни се делби и таму и ваму. А што се однесува за дедови Петар нека е здрав и жив.
Сеуште македонците ја раскажуваат одисејата на владиката Милетие.
Место да продолжиме со градби ние се обвинуваме, се караме се делиме, со години се судиме, без тронка вина ни на верник ни на одборник. Егото да се задоволи, но Австралија е земја на бумерангот.
Сега испаѓа дека верниците – народот кои ги граделе црквите за Македонската Православна Свети Климентова црква се виновни? Црквите во дијаспората се градеа од народот селаните кои ги омаловажувате. Тие кои градеа народни цркви ниту знаеле како се градат црквите правилно според правилата, а тоа што граделе сега испаѓа дека не знаеле за кого градат? Тогашната максима била да се направи црква само да не одиме по тугинските грчки и по српски.
Затоа дури и до денес некои цркви се уште се реновираат, доградуваат, зоографисуваат, а згора на тоа ги потпишувале своите куќи како гарнција во банките за (хипотека).
Дедо ви Петар е „непоправлив“ според обвиненијата од Блажено упокоениот тогашен поглавар дедо Гаврил. Обвиненија десетина страници и одлука на расчинување. Колку е веродостојна е таа одлука или не треба некој од надлежните како Вас да ја каже вистината, а на дедо Петар, Семоќниот Господ Бог може и да му опрости?
Пишувате дека станува збор за две концепции на луѓе кои се организирани во црквите и црковните општини – едните што сакаат да бидат и да останат како компании и инкорпорирани асоциации, а другите што сакаат имотот на црквите да биде во доверба на Македонската православна црква?
Инкорпорираните асоциации и оние што ги кажувате компании не се ничија приватна сопственост. Тие се непрофитни организации. Такви регистрации има во двете епархии. Што се однесува до како што велите другите кои сакале имотот да бил на МПЦ.
Прашувате чиј бил имотот на црквите во Сиднејската епархија? Нели во тие цркви опслужува свештенички кадар на МПЦ. Зарем не се тие народот, верниците, црквата
Во Австралиско – сиднејската епархија никој освен народот не може да ја продаде црквата. А во траст корпорациите владиката има право да ја продаде со неговите пајташи. Затоа никогаш нема да може никој да ги продаде македонска православна црква, за такви работи решава народот кој се вцрквува во таа црква, но во траст за се решаваат само 5 луѓе.
Ако ги разгледате трастот и функциите, веднаш ќе видите дека владиката може да го разреши било кого од функција и да наименува било кого, што значи дека тој е врховен чинител. А според функциите на трастот може да прави што сака? Тука е тој зајакот што се крие? Кој им ги одзеде црквите на градени претежно од Македонци во Мелбурн бугарскиот владика Андреј Велички, а во Њукастел српскиот Деонисиј.
Зарем тие македонски градители, ако знаеја дека владиците се толку чесни, достојни на зборот и ветеното немаше законски да се заштитат или во крајна мера немаше да градат?
Која е таа управа што би можела да продаде црква, кога народот ја градел. Св. Петка располага со список од 1176 дарители по разни основи. Зарем тој народ ќе им дозволи на петмина одборници да ја продадат црквата, ако некому му текнало. Не се работи само за физичка продажба на храм во законот? Тој може и да се обедини со било која друга црква.
Зашто е продадена епархиската куќа во Мелбурн. Зашто не го прашате дедото владика? Тој ја продал, тоа не го негира. Во некое соопштение не се сеќавам каде како да прочитав дека немал добиено плата околу 8 години, одлучиле да му дадат една куќа. Не знам во која населба и колкава куќа. Но куќа си е куќа за дедо владика треба да се дотера по сите правила и аршини.
Како што го слушав во едно интервју зборуваше дека платата му била само 30.000 австралиски долари годишно, што изнесува вкупно 240.000 за осумте години. Кој е тој денес што ќе купи еднособен стан во Мелбурн за тие пари, човеков добива куќа. Навистина како што велат ербап човек.
Ја остава на трастот, не плаќа давачки. Трастот ја дава под кирија минимално 600 – 700 долари неделно за дедо Петар, да не речам пензија оти тој ми ти бил пензиниран како што велат пред десетина години, ете нека му биде скромен џепарлак за кафе довде донде, а уште и богослужел. Што мислите дали е можно тоа сценарио бидејќи дедото е снаодлив. Затоа тие што се одговорни треба да го отворат чекмеџето да види народот каде се чуваат тапиите?
Зарем верувате на зборовите на дедо Петар? Сето она што го пишувавте во описот е нотарна лага! Многу е извалкан, единствен спас му е манастир, но под услов да води повеќе грижа да не се запали? Како малер да го прати, до каде ќе оди се нешто ќе се запали? Господова работа?
Бил испратен да управува со Европската епархија, мисијата му завршува многу рано и без успех. Од Бога му подарената Американско канадска епархија неславно го враќаат назад. Австралиската насилно окупирана епархија само што ја прошири диецезата до Нов Зеланд без црковен живот, ја напушта и наименува негов заменик за нов кормилар, како да го праќа на сермијата од татко му во Богомила.
Ангелина, бидејки сте повеќе од колку што треба просветлена, вероватно се сеќавате на 22 август 2016 год. новинската агенција„Мета“ пишуваше: Австралиската полиција потврди: Владиката Петар бил уапсен во рамки на истрагата за кражба и лажно сведочење.
Ова бегање набрзина од Австралија изгледа дедо Петар како да е на некаква мака? Ама и ако имало нешто околу полицијата, тој е Австралиски државлјанин. Многу чудна работа, ако се земе во обзир какви нереди и безредија правеше за да дојде овде, да му го турне сандакот на неговиот собрат во Христа, и да побегне кукавички без некои помпезни манифестации. Тоа ги загрижува неколкумина од радозналост? Кукавички дојде и кукавички си ојде велат пензионерите.
Можеби дедото си има некоја друга мака? Се сеќавам едно време требаше да дојде на судско рочиште за да сведочи. Велат го нема дедото да дојде ама докторската потврда посведочи дека бил навистина болен. Еве сега со овој начин на бегање од своите во Австралија испаѓа загрижувачко – како кабаетлија?
Можеби се појавени истите симптоми уште во времето кога цели две недели бил избезумен после интервјуто на тогашниот Архиепископот Охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, објавено во „Фокус“ на 04 ноември 2005 год. од новинарот Блаже Миновски. Денес владиката Јован и дедо Петре си седи наспротива на една маса. Дедо Петар не е од тие што си ги признава грешките.
На една од средбите со управата предложил: „Банкротирајте ја црквата Св. Петка и ќе се решат работите“. Може ли Ангелина да верува во тоа? 2006
Затоа Петровата мисија на МПЦ не успеа ни во Европската епархија, ни во Американско-канадската, а не поготово во Австралиската епархија која насила ја приграби од својот брат во Христа, и парам парче ја направи?
На верниците кои ги ставаа своите куќи под хипотека не му требаат црковни имоти! Ни на вистинските Архиереи ако си го надгледуваат стадото како што доликува не им треба ни здруженија ни никакви закони за чување на имотот.
|
Чуварот на црквите е македонскиот верник – народот. Треба Архиереите да се спуштат малку меѓу народот, за да види народот во нив некакво смирение, сигурност, и доверие. Судниците во Сиднеј за време на рочиштата беа повеќе посетувани отколку на литургиите на кои чиноначелствуваше владиката Петар. Прашајте ги двајцата Јовановци кои беа во канонска визитација во Австралија со дедо Петар?
Македонската Православна црква е на македонскиот народ на православните христијани, и одмазнички е инсистирањето за некаков си закон за старателство на имотот, по теркот на Антохиската црква. Антохиската црква е збир на христијани православни од различни националности, не е чисто национална црква пр. како македонската, српската, и др. Дури и Руската задгранична црква нема регистрирано таков закон. Политиката на дедо Петар можеби беше сосема друга? Вероватно работата негде има заглавено? Прашајте ги вашите роднини можеби се повеке запознаени со тоа?
Но во времето кога се подготвувале регистрирањата и пререгистрирањата придонес дало свештено лице кое не било во добри односи со тогашниот Митрополит Тимотеј, а покасно добива ополномоштување да го застапува владиката Петар пред надлежните Австралиски органи и власти во врска со спород околу оваа одлука (во времето кога управата го разреши парохискиот свештеник).
Зашто Митрополитот Петар не најде време да седне со управата и да се расчисти работата дека управата немала право да го избрка свештеникот? Работодавач е управата на црквата. Таа го вработува и го плаќа. Владиката го наименува но документите за доаѓањето на свештеникот ги прави управата на дотичната црковна општина, како и здравственото осигорување на семејството на дотичниот свештеник. Ако дедото Петре оствареше средба со управата вероватно ќе имаше компромисно решение. Во тоа време управата беше променета бидејки неговите приврзаници го изгубија реизборот на последното изборно собрание, затоа владиката и свештеникот говореа дека не ја признаваат новоизабраната управа.
Не се проблем управите и регистрациите ако има човек кој е способен и да знае и може да управува со народот. Ете тие што го донесоа во Австралија, во 1992 година со негов благослов ја пререгистрираа Св. Петка од добротворна во инкорпорирана асоциација за која сега говори дека била некаква си компанија. Пререгистрирана е црквата на 27 Април 1992 година. Регистрирањето пак на лажната епархија е на 07 Септември 1992 година.
Пререгистрирањето е во тоа што се воведува членство во инкорпорираната асоциација. Но, за да бидеш член треба да поднесиш писмено барање до дотичната управа, која има право да не те прими во членството и не подлежи на никакво образложение, зашто дотичната особа нее примена за член во асоциацијата. Целта во тоа време беше да се отстранат сите наводно приврзаници или почитувачи на Митрополитот Тимотеј. Регистрира и божемна „Епархија“ во магацин – стовариштр за бела техника во сиднејскиот кварт Турела.
Тогаш Поглаварот на МПЦ Г.Г. Гаврил се огласи дека не ја признава таа регистрација. Режирано сценарио против Митрополитот Тимотеј со откажување на послушност наводно дека не бил патриот како оној што го развеал знамето на граничниот премин Меџитлија за време на блокадите. А политиката си го направи своето. Митрополитот Тимотеј се повлекува. Епархијата извесен период ја управува Синодот. Доаѓа делегација од црковните општини со регистрација само на име на епархија, без правилник за управување. Во Македонија беа пречекани како некакви спасители на црквата, иако во тоа време неможеше да се регистрира Епархија бидејки правилниците на црковните општини беа различни. Регистраторите го избраа дедо Петар бидејќи на граничниот премин со Грција за време на блокадите го кренал шеснаесеткракото македонско знаме. Човеков голем патриот. Доаѓа дедо Петар во Австралија. Започнува Македонската голгота. Го качија на хилихоптер да ја посматра епархијата од високо
Инвазијата на Св. Петка:
Десетина приврзаници мажи и жени десетина дена спиеја во црквата. Црквата е окупирана на истиот начин како што беше направена инвазијата во Мелбурн црквата Св. Горги. Една вечер околу 8 часот вечерта доаѓа врховниот командант да им се заблагодари за успешната инвазија на црквата. Неделата утрото доаѓа свештеникот и неколкумина го напаѓаат. Тешко повреден и повторно црквата без свештеник. Се отвора суд, кој пресуди во рок од 24 часа узурпаторите да ја напуштат црквата, а сторителите да седнат и да се договорат со управата, но ако не можат да се договорат двете страни судијата ќе пресуди. Управата побара од судот ослободителна пресуда за сторителите.
Владиката Петар почна да отвора протестански цркви, во близина на Св. Петка.
Доаѓа и Архиепископот Г.Г. Стефан. Не влегоја во Св. Петка туку богослужеа во протестанска црква. Рочишта се редат народните пари се фрлаат по ветер, медиации, преговори колку што сакаш ама работава тргнала на бетер. Не дека некој е против Македонскта црква, нема такви Македонци. Неговото его, човекот живее во некој друг свет, сака да управува со декрет, и затоа многу работи има пропуштено. Ако е тој библискиот сеач имаше прилика неговата нива да роди многу плод. Од тој плод не само духовно туку и материјално ќе се нахраневме, а немаше да паднеме на тоа ниво на кое сме денес.
Во една друга средба со црковната делегација предводена од Архиепископот Стефан, во состав М. Петар, М. Агатангел и Белчевски, во присуство на членовите на епархискиот управен одбор на Австралиско-новозеландската епархија во двете средби неможевме да се договориме, бидејки едно бара друго кажуваа.
На друга средба од која има и видео запис на Архиепископот му рекоа да си го земе назад оти овде нас не ни треба.
На трета средба во црквата Св Климент Охридски организирана од претседателот на црквата во 12 часот на полниќ. Со две коли отидовме повеќе од 60 километри на средба со цел да се најде начин да тргнат работите за напред, бидејки станавме потсмев на заедницата. Дури самиот владика предложи кои луге да дојдат на средбата. Се договоривме и цел пат на враќање се молевме на Господа Бога дека имало крај. Рано утрото околу 4 часот и 30 минути стасавме во Сиднеј, и потоа да одиме на работа. Вракајќи се од работа попладневните часови пред куќите не чекаа судските службеници (шерифи) лично да ни ги врачат оптужбите од по 98 страници и наредниот ден да одиме на суд. Зарем треба таквите лицемери да стојат во САС на МПЦ. Тие и оние кои ги заштитуваат односно прикриваат нивните злодела нека извинат ама не му е местото таму во црквата.
Факсимил од дел на писмото испратено до САС на МПЦ. Зашто кога отец Мачески добил Благослов од дедо Петар, не се ангажирале македонската заедница да го купи местото и да се изгради македонски православен храм.
Нели тоа дава сомнеж со работите кои покасно ке произлезат од заедничкото делување и тоа:
– Во тоа време надлежен Архиереј на Антохиската црква е сега блаженоупокоениот Џиброн, а отец Митко го запознава со дедо Петар. Навистина добра работа се шири кругот на пријатели? Но, кога го подучија дека може да се направи закон за старателство кој потпаѓа под дирекна контрола на надлежниот Архиереј реченото – сторено. Внукот на владиката Џиброн, Michael J Shehadie кој води адвокатска компанија се зафати да го направи проектот по теркот на Антохиската црква, која претходно водеше судски рочишта со своите верници, каде се потрошиле стотици илјади долари. Но, владиката успеал да го регистрира тој закон за старателство на имотот, земајки ја состојбата дека во тие цркви се вцрквуваат православни верници од сите националности. Така би биле заштитени да не дејде до несакани проблеми. А што се однесува до македонските цркви тоа можат да го направат само македонските владици до колку му дојде на сон.
Одисејата со зулумите на дедо Петар не може да се напише во книга, туку треба десет томна историја поткрепена со факти, документи и видео записи.
Петровден 2003:
Црквата немаше свештеник 7 години. Судот наложи да се даде свештеник кој заедно со владиката ке направат мало осветување, бидејќи во тоа време се правеа и некој реновирања. Морало осветување. Со судска одлука на медијацијата се договараат двете страни да дојде отец Киселинов од Мелбурн и заедно со владиката да направат тоа што треба да се направат. Управата ја плаќа авинската карта, свештеникот не доаѓа вечерта му се јавуваат од генералштабот нема потреба да доаѓа. Го прекршува судскиот налог – договореното во судот, организира литија со триесетина луге и сакаат да влезат во црквата.
Но, бидејки црквата се реновирше сета беше обградена и имаше само еден влез. Станаа гужви и турканици со жените верници во црквата и не дозволија да влезе во црквата бидеки не се придржувал на судската одлука. Ја повикале полицијата и ги истерала узурпаторите заедно со владиката. Колкав ли срам и нанесе на црквата и заедницата, бидејки сите австралиски весници пренесуваа заедно и со ТВ станици. Целта на неговото однесување беше губењето на последното рочиште, каде одлуката беше да се направи мало осветување, а потоа да се започни со богослужби. И тоа верниците кои се на Св. Петка да имаат право да се вцрквуваат во секое време, а верниците на дедови Петар само во Сабота и тоа до 12 часот. Финансиските средтва остварени да се остават на управата на црквата Св. Петка. Затоа го забрани отец Киселинов да не доаѓа. Затоа се одлучи да небиде саботјанин, кога веќе нема ни фајде од тоа, а претодно го носеше епитетот протестантот. Тоа е патешествието на вашиот и мојот дедо Петар.
Исто така на медијација во судот управата се договара со владиката за да нема понатамошни проблеми и недоразбирања да ни даде свештеник од Македонија, бидејки овдешниве во Австралија можеби завземаат страна како што сега мене ме обвинувате дека јас сум бил за ова и за она, а што е најтрагично народот кој ги изградил црквите биле криминалци, а вие поштените седите по кабинетите и ставате бензин за да се греете на огнот. Но, како било Господ е голем. Управата ги направи сите потребни документи, и свештеникот дојде во Австралија, а владиката Петар не му дозволи ни да влезе во црквата ни да ја види. Значи ако свештеникот влезеше во црквата и да почне да богослужи ќе немаше никаков проблем. Јас не го забранив свештеникот да не влегува туку дедови Петар. Зарем ова не е лицомерие и преиначивање на судските одлуки. Зарем не е доказ за фабрикуван судски процес. Зарем свештеникот нема семејство?
Света причест: Велигден 2006, најстрамниот ден во историјата на Македонската црква во дијаспората? Седум години без свештеник. Црквата преполна со верници. Свештеник богослужи на тротоар пред самата црква. Икона обесена на внатрешниот дел – церадата на камионот како на иконостас. Трагедија народот се причестува на тротоар. Има ли некој црковен Великодостојник да го прави тоа врз своите верници отсем владиката Петар. Тие верници не се македонскиот народ . Нека го поживее Господ ама да биде подалеку од нас. Во сите цркви и народи има проблеми и недоразбирања ама ова неговово го нема никаде во светов и веков.
Манастир: Мојата маленкост на дедо ви Патар, му предаде документи за тапија од земјиштето добиено како подарок од владата на федералната држава Нов Јужен Велс, за градба на прв Македонски манастир во Сиднеј, за потребите на пошироката македонска заедница. Зошто дедото Петар не се зафати за некоја градба во Сиднеј, за да може и народот не само да помогне туку и да се започне со семакедонско обединување, а не парчосување. Седум и пол хектари кралско земјиште ни камен не постави, а не да гради. Тој бара изградено? Во времето на канонската посета на Архиепископот Стефан, Митрополитот Петар и ѓаконот Ратомир Гроздановски му организирав средба со тогашниот премиер на Нов Јужен Велс, и група на пратеници во чии окрузи има македонско население. Но, на жалост во тоа време се упокојува мајката на дедо Стефан кој веднаш заминува за Македонија. На дедо Петар му беше уочено дека Македонската заедница е една меѓу најлојалните заедници без никакви приврзоци.
Во 2016 година Синодот ја префрли света Петка под јуриздикција на Сиднејската епархија, на барање на верниот народ.
Компаниски цркви: Проектот на компаниски цркви е братоубинствен проект за македонскта заедница. Значи црквата зад која се криете во заедница со МРТ , вероватно поткрепен од некоја политичка партија во тоа време намерак на дедо Петар си зедоа за право да го делат народот, да го распарчуваат по нивни терк. Вие што седите во кабинетите, што одлучувате кој има право да живее, а кој не, можеби еден ден ќе го носите гревот на тој народ. Јас не сум во тој проект, ама еве ме етикетирате по медиумиве вероватно немате работа додека не стасаат новите информации од роднините.
Волонгонг Св. Димитрија: Спектакуларен дочек, бајраци, обезбедување, мноштво народ. Бесди на Великодостојниците. Архиепископот г.г. Стефан, Митрополитот Петар, Митрополитот Агатангел, и ѓаконот Белчевски. После Архиерејското Богослужение во црковната сала општонароден митинг, средба со гостите? Прашања од една страна, а одговорите да ми прости Севишниот како килави. Првин да се погледнеме во очи па потоа да одговориме за да не се навреди оној што седи донего. Знам дека се снимаше средбата од приврзаниците на дедо Петар, па не би било лошо да го замолите да ви даде да ја погледате вистината, или нека ја емитува на неговата телевизија. Дедо Петар има такви бисери многу: Петровден 2003, Велигден 2006, Компаниски цркви продукција на МРТ и САС на МПЦ .
Имаше многу дискутанти но посебна тежина остави излагањето на верник и активист од постарата генерација кој рече дека за почетоците на овој храм (Св. Димитрија Солунски) ништо не се спомнува, кои беа луѓе работници, кои ги примаа свештениците по куќите, а состаноците се држеа по гаражите.
Најголемата штета ја донесе дедо Петар кој по весниците ширеше пропаганда дека „Македонските Православни цркви биле приватни компании. Првата МП црква„Свети Ѓорги“ надвор од границите на Р. Македонија во квартот Фицрој во 1960 год, кога МПЦ немаше Автокефален статус. Денеска е редно дедото владика на тие луѓе да му бакне рака, а не да ги тужи. Тука е врагот влезен. Јас сум дојден како дете велеше на 16 години.
Одевме и по грчки и по српски цркви секаде. Но, за жалост чекаме од Вас интелегенцијата наша, ако кривиме ние малку да не исправите. Многу работи можеби ние не знаеме, но знаеме дека сето се работи само за доларот. Проблемите ги направи и дури брат со брат да не зборат. Еве пред сите Ве молам дедо Стефан да си го земите назад со Вас. Овде нас не ни треба!
Дваесетина години пуштен на слобода, без компас го направи најголемиот терор врз македонската црква и македонската дијаспора. Светиот Архиерејски Синод како да заминал на кружно патување во вселената и ги прекина сите комуникации со дијаспората. Тоа го зголеми револтот меѓу иселениците. „Сите сега викаме по волкот, но на волкот некој му го отворил трлото“? Но
Затварање на црквата Св Илија: Секој кој сака да ја каже вистината со желба да не случајно повторно се грешат работиве е осуден: Не бил тој од црква, што тој имал со црквата, кој е тој, тој е со оној или со овој. Додека така се однесувате, во диптикот на Вашиот кабинет, нема напредок.
Ако не ми ги дадете парите ке ви ја затворам црквата? Ќе ви го земам свештеникот? Чија е црквата? Зарем тој народец што се прегнал да ви направи црква неможе да оди во друга црква како што велите сестринска црква. Ке одат во Антохиската, во Српската, нели и тие се наши браќа.
Ангелина,
Ќутењето е соучество во делото: Се сомневам дека криејќи се зад идентитетот не ви се чисти есапите. Но бидете здрави и живи, и вие и ние бидејќи Господ е еден и за Вас и за нас така велат постарите.
Вистината како шило: Порано или покасно таа излегува на виделина.
Меѓу верниот народ сѐ почесто се поставува и прашањето: зошто Сиднејската епархија практично се остава без свој надлежен архиереј и зошто, за разлика од Австралиско-новозеландската епархија, не беше избран посебен владика и за оваа епархија? Таквата состојба создава чувство на несигурност, привременост и страв дека постепено се отвора простор за раздор, иако токму оваа заедница со децении носела огромен товар во зачувувањето на македонскиот црковен и национален идентитет во Австралија. Народот не бара привилегии, туку еднаков духовен третман, свое пастирско раководство и јасна иднина. Затоа многумина со болка прашуваат: ако за другите епархии може да се избираат архиереи, зошто тоа право и таа грижа му се ускратуваат токму на верниот народ во Сиднеј?
Во овие мигови на нови неизвесности и духовни искушенија за верниот народ во Сиднејската епархија, сѐ погласно се чувствува разочараноста и стравот дека наместо надминување на старите поделби, повторно се продолжува по веќе видениот пат на конфликти, притисоци и недоверба. Наместо да се чуе народниот глас и да се отвори простор за братски дијалог и исцелување на долгогодишните рани, повторно се создава чувство дека гласот на народот останува неслушнат, а вистинските проблеми неразрешени. Токму затоа револтот и болката кај македонските верници не произлегуваат од непослушност кон Црквата, туку од стравот дека повторно се губи можноста за духовен мир, доверба и заедништво во една од најстрадалните македонски епархии во дијаспората.
Овој текст го напишав како одговор на обидите преку навреди, етикетирања и полуинформации да се дискредитираат луѓето кои со децении ја носеле тежината на македонскиот црковен и национален живот во Австралија. Наместо молк пред неправдите и искривувањето на вистината од страна на анонимните, како Ангелина, овој одговор е сведоштво за борбата, жртвата и љубовта на генерациите Македонци кои ги граделе храмовите, заедниците и институциите во дијаспората. Не за да создаваат поделби, туку за да остават корен и иднина за своите деца.
Во време кога сѐ почесто се суди од далечина, а вистината се заменува со лични квалификации и анонимни конструкции, потребно е да се потсетиме дека зад секоја македонска црква во Австралија стојат илјадници човечки судбини, пожртвуваност, доброволна работа, солзи, кредити, хипотеки и љубов кон татковината и Црквата. Овој одговор не е насочен против никого лично, туку против неправдата, заборавот и обидите да се омаловажи народот кој ја создаваше и ја сочува Македонската православна заедница на петтиот континент.
Затоа, наместо пресуди изречени под псевдоними, потребни се искрен дијалог, одговорност и соочување со фактите. Бидејќи вистината – колку и да се оттурнува – секогаш повторно излегува на виделина.
Историјата на македонската дијаспора во Австралија не е создадена од кабинети и анонимни гласови, туку од обични луѓе – работници, семејства, мајки и татковци, кои со пот и жртва граделе храмови за нивните деца да не го заборават ниту Бога, ниту Македонија.
Можеби некој ќе се обиде да ги избрише тие сведоштва, да ги омаловажи или да ги претстави како грев и интерес. Но вистината останува запишана во секој камен на храмовите, во секое кандило што гори пред иконите и во секоја молитва што народот ја вознесувал низ годините. А народот добро памети – и кој градел, и кој разделувал, и кој молчел кога требало да зборува.
Затоа, наместо омраза и поделби, нека остане повикот кон разум, покајание, помирување и правда. Бидејќи Црквата не се чува со страв, закани и судови, туку со љубов, вистина и доверба. А вистината, како шило – порано или подоцна – секогаш излегува на виделина.









