Македонската црква „Св. Кирил и Методиј“ во Париз, в недела ќе биде центар каде ќе се соберат огромен дел од македонските верници на Европската епархија. На 26 април доаѓа поглаварот, архиепископот Стефан, кој заедно со митрополитот Пимен, како домаќин и митрополитот Јосиф, како гостин, ќе служат заедничка литургија.
На литургијата како гостин ќе присуствува и Западноевропскиот митрополит на СПЦ, Јустин,
Во исто време ќе осветен и новиот иконостас на црквата, кој неодамна беше завршен.
-Овој значаен духовно-историски момент ќе биде крунисан со Света Архиерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Нивните Високопреосвештенства. Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот западноевропски г. Јустин (СПЦ) Архимандритот Агатон и повеќе свештенослужители од МПЦ-ОА. Срдечно Ве покануваме со молитвено присуство да и вие бидете дел од оваа голема радост за нашата црковна заедница во Париз, Франција, велат од храмот „Св. Кирил и Методиј“- Париз.

