Папата ја смирува топката по конфликтот со Трамп

Date:

Share post:

Папата Лав Четиринаесетти се обиде да го минимизира значењето на наводниот спор со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека извештаите за неговите изјави за време на африканската турнеја „не се во целост точни“.

Во разговор со новинарите за време на летот за Ангола, во рамки на третата етапа од 10-дневната турнеја низ Африка, првиот папа од Соединетите Американски Држави рече дека неговите изјави во Камерун, во кои предупреди дека светот е „уништен од неколку тирани“, не биле насочени кон Трамп.

Како што наведе, говорот бил подготвен две недели претходно, пред американскиот претседател да коментира за него и неговата порака за мир.

И покрај тоа, папата Лав XIV најави дека ќе продолжи јавно да зборува за војните и глобалните конфликти, но без намера да влегува во директен судир со политички лидери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img