Православна Сиријка пееше велигденски песни на арпски јазик во Бигорски

Date:

Share post:

Млада православна Сиријка, која беше гостинка во Бигорскиот манастир за време на Страдалната Седмица и Воскресението Христово, со својот прекрасен ангелски глас внесе дел од древната Антиохиска традиција за време на Велигденската богослужба.

Нејизното присуство и пеењето православни песни на арапски јазик во деловите за Велигден предизвика големи емоции.

Таа пеела Пасхални химни на арапски јазик. Сиријката предизвика многу емоции кај гостите зашто нејзиниот глас, исполнет со карактеристичниот источен мелос и длабока смиреност, ги натера присутните да ја почувствуваат и болката и надежта на нејзиниот народ.

-​Пеејќи, пак, пред владиката Партениј, таа живо посведочи дека Православието не познава граници и јазични бариери, туку е единствено во љубовта на Воскреснатиот Господ, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img