Трамп објави слика на која е претставен како Христос, па ја избриша

Date:

Share post:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно ја шокираше јавноста, откако на на својата социјална мрежа Truth Social, објави фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција, на која е прикажан како Исус Христос.

Фотографијата, која силно потсетува на ренесансни религиски мурали, го прикажува Трамп облечен во бела тога со црвен плашт, како со „исцелителна“ рака – од која зрачи светлина – го допира челото на болен човек во болнички кревет. Околу него се наоѓаат „претставници на народот“: млада жена што се моли, постар маж со капа, медицинска сестра која со восхит гледа кон него и млад војник во униформа.­

Позадината на фотографијата е исполнета со национални и воени симболи. Над главата на Трамп, од златни облаци осветлени со светлина, се појавуваат фигури на војници со кренати раце во знак на победа, додека над нив прелетуваат три борбени авиони. Од десната страна се гледа Кипот на слободата и огномет, додека од левата доминира американското знаме и два белоглави орли во лет.

Набрги потоа, по жестоките реакции и критики Трамп ја избриша објавата од социјалната мрежа. Во обраќање пред медиумите во Белата куќа, Трамп се обиде да ја објасни спорната објава и ги негираше тврдењата дека бил прикажан како Исус.

„Јас го објавив тоа. Мислев дека тоа сум јас како доктор. Требаше да биде јас како доктор, да ги правам луѓето поздрави“, изјави Трамп.

Спорната слика, генерирана со помош на вештачка интелигенција, тој ја објави во неделата навечер, откако претходно го критикуваше Papa Lav XIV поради неговите ставови за американските воени акции против Иран и Венецуела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img