Руската разузнавачка служба тврди – Вартоломеј ќе додели Томос за автокефалност на Црногорската црква

Date:

Share post:

Цариградскиот патријарх Вартоломеј планира да додели автокефалност на Црногорската православна црква (ЦПЦ) со цел да ја ослаби Српската православна црква (СПЦ), објави агенцијата ТАСС.
Во Москва тоа го толкуваат како „удар врз ‘особено тврдоглавата’ Српска православна црква (СПЦ)“.

„Цариградскиот патријарх Вартоломеј, кој направи раскол во православна Украина, ја продолжува својата расколничка дејност во православниот црковен простор. Сега го насочува своето црно око кон балтичките земји. Тоа ‘отелотворение на ѓаволот’ е опседнато со идејата да го истисне руското православие од територијата на балтичките држави и на негово место да воспостави црковни структури целосно потчинети на Фанар. Во тоа го поддржуваат на секој можен начин британските специјални служби, кои активно поттикнуваат русофобични расположенија во европските земји. Под нивен поттик, Вартоломеј, погрузен во смртниот грев на расколот, најде заеднички јазик со властите на балтичките држави во обид да внесе немир во рускиот православен свет. Потпирајќи се на идеолошки сојузници во ликот на локални националисти и неонацисти, тој се обидува да ја одвои Литванската, Летонската и Естонската православна црква од Московската патријаршија, така што нивните свештеници и паствата ги привлекува во вештачки создадени, од страна на Цариград, марионетски религиозни структури“, се наведува во соопштението на Руската надворешно разузнавачка служба (СВР), пренесено од руските медиуми, меѓу кои и агенцијата РИА Новости.

СВР истакнува дека црковните кругови ја гледаат дејноста на Вартоломеј како „поделба на живото тело на Црквата“.Во соопштението на рускиот СВР се наведува дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина и Балтикот, туку се шират и на земјите од Источна Европа.

„Со својата лукавост тој постепено опфаќа и земјите од Источна Европа. Со цел да нанесe удар врз ‘особено тврдоглавата’ Српска православна црква, тој има намера да додели автокефалност на непризнатата Црногорска православна црква“, стои во соопштението. Во црковните кругови, како што велат од СВР, „се истакнува дека Вартоломеј буквално го кине живото Тело на Црквата“.

„Со тоа станува сличен на лажните пророци за кои се зборува во Нагорната проповед: ‘Тие доаѓаат кај вас во овча кожа, а внатре се грабливи волци… По плодовите нивни ќе ги познаете’“, се заклучува во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img