Патријархот Порфириј упатил топла и братска честитка до рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 79-ти роденден. Во честитката Порфириј ја истакна вековната духовна блискост меѓу српскиот и рускиот народ, изразувајќи искрени желби за крепко здравје, духовна сила и мудрост во понатамошното пастирско служење на Кирил.
Во своето обраќање, Порфириј нагласил дека православните народи се поврзани со нераскинливи врски во верата и љубовта, порачувајќи: „Нека Бог ви донесе духовна утеха и радост, а вашиот пример продолжи да биде извор на охрабрување за сите православни верници.“
По повод својот 79-ти роденден, Патријархот Кирил служел Божествена литургија во храмот на светиот благоверен кнез Александар Невски, во скитот во близина на Переделкино.
За време на сугубата ектенија беа вознесувани и особени молитвени прошенија за здравје и долговечност на Патријархот Кирил. По завршувањето на Литургијата, на Патријархот му беше предаден свечен честитачки документ со поздрави од членовите на Светиот синод на Руската православна црква.
Честитката на Патријархот Порфириј доаѓа во период на постојано нагласување на поврзаноста меѓу Српската и Руската православна црква.

