Владиците Петар и Никола го продолжија престојот во Руската црква

Date:

Share post:

Митрополитот Петар, епсикопот Никола и Архимандритот Атанасиј од Москва, каде беа неколку дена, отпатувале во Санкт-Петерсбург. Овој пат за нивната продолжена посета на РПЦ, извести црковниот портал, Литургија.мк. Таму вчера во Исакиевскиот собор во Санкт Петербург, сослужувале со домаќинот Митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладошки Варсонофиј.

-На светата богослужба сослужуваа и претставниците на делегацијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија: Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Епископот Велички г. Никола и архимандритот Атанасиј (Арсоски), како и Епископот Кронштатски г. Венијамин, Епископот Петергофски г. Силуан, прот. Сергеј Куксевич, прот. Алексеј Скљаров, прот. Роман Ковалски со соборниот клир и други свештенослужители. Пееше соборниот хор под диригентство на Лев Дуњаев, како и младинскиот хор под раководство на Лариса Христич, пишува Литургија.мк.

-По завршувањето на Божествената Литургија, митрополитот Варсонофиј им се обрати на верниците со топли зборови, изразувајќи ја својата искрена радост поради заедничката молитва и духовното единство со архиереите на Македонската Православна Црква. Во знак на благодарност и братска љубов, а како спомен на заедничкото богослужение, Митрополитот Варсонофиј им подари на архиереите на Македонската Црква крст со панагија, стои во текстот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img