Митрополит на Димитријада: Нема пофарисејски став од оној на „добрите христијани“ што не носат маска

Date:

Share post:

Беседејќи за евангелското четиво за митарот и фарисејот, митрополитот на Димитријада Игнатиј (Црква на Грција) нагласи дека во оваа тешка епоха низ која ќе треба можеби да ја поминеме дури и Страсната седмица, ќе треба да се позиционираме или фарисејски, или смирено, како митарот.

Митрополитот Игнатиј говореше за искушението на кое паѓаат многумина, дека се подобри, поисправни, се одликуваат со нивната вера и нема да ги пазат мерките, ниту ќе носат маска, како што прават останатите. На таквите тој им одговори дека „не постои пофарисејски став од овој“.

Тој истакна дека „цел овој период на Триодот е пат за самопознание, односно размислување за тоа како сакаме да се претставиме пред Бога. Дај, Боже, да се претставиме со делата на фарисејот – со постот и со човекољубието, но и со размислата на смирениот митар, кој ја познава сопствената грешност, кој не гледа да ги суди другите, но стои во црквата со трпение и послушание, чекајќи да се спаси“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img