Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА: Внимавајте антицрковни профили шират поделби и ерес
МПЦ-ОА: Внимавајте антицрковни профили шират поделби и ерес

МПЦ-ОА: Внимавајте антицрковни профили шират поделби и ерес

1.40K
4

Владиците на МПЦ-ОА се оградија и дистанцираа од неколку фејсбук страници преку кои изминатиов период се шират дезиформации и лажни вести, под некаква закрила за заштита на православието.

Во основа станува збор за фејзбук профили со црковни имиња, кои имаат за цел да ги доведат во заблуда верниците и да предизвикуваат поделби и недоверба во црквата. Во таа група влегуваат фејсбук профилите Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и  некои други

На последната Синодска седница, владиците на МПЦ-ОА одлучиле да ги повикаат верниците да не им веруваат на инфоарциите кои се споделуваат преку овие профили на социјалните медиуми, посочувајќи дека зад нив стојат лица кои имаат за цел да им наштетат на црковните интереси на МПЦ-ОА.

-САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се дава повод за соблазна на верниот народ. Оние што стојат зад платформите: „Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и  некои други, љубовно се повикуваат да го напуштат клеветничкиот и соблазнувачки дух и да се вратат во послушание кон Светата Црква, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

Коментар(4)

  1. Сите тие мрежи само ка посочуваат духовната паднатост на нашит клир…
    А А пак клирит на МПЦ наместо да се погрижит за сексуалнито образование , за правата на здраворазумните луге кои не подржуваат ЛГБТ и абортуси и многу други теолошки проблематики кои се појавија во денешницава, тие ги судат лугето од кои и дамите владици се разобличени … имам уште многу да пишам ама вака накратко сака да посочам некој работи…
    пс. Секој има право да ја знае вистината

  2. “Манастир Св. Гаврил Лесновски” i Arhimandritot Damaskin e lichnost koja treba da ja slusate ne da ja prozivate za ‘eretik’

  3. Откај знаеме кој се крие под псевдоним архимандрит Дамаскин ( како администратор)?

  4. Насловот на текстот вели :ширење поделба и ерес;
    додека пак во текстот подолу се употребува терминот соблазна и клеветнички дух;

    Е сега , насловот на овој текст може да е и чисто уреднички, односно од редакцијата ;

    Останува на Марјан да се произнесе чив е насловот?
    Дали тој сам си го креирал , како што прави многупати досега заради сензационализам?!
    *
    Марјан?!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *