Папата Бенедикт со пиво го прослави 90 роденден

Date:

Share post:

Пензионираниот Папа Бенедикт XVI наздрави со баварско пиво за својот 90-ти роденден, што го прослави за овој Велигден во дворот на Ватикан.

Италијанските медиуми ја пренесуваат атмосферата во роденденската забава на Рајцингер, кој како Германец по потекло и тоа од Баварија, не можела да помине без традиционално баварско пиво.

На роденденската забава дошла специјална делегација од Баварија која му донела и Пиво со кое заеднички наздравиле.

-Ви благодариме што ми овозможивте да се вратам во мојата прекрасна земја, изјавил Бенедикт Шеснаесетти.

Меѓу гостите на Папата бил и премиерот на Баварија, Хорст Шихофер и  десетина други луѓе кои играле во градината на Ватикан, приредувајќи автентична атмосферата од родната земја на папата. Имало се што е баварска традиција, облека, музика, знамиња и секако баварско пиво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img