ЛГБТ заедница на Ифтар вечера со муслимани во Ирска

Date:

Share post:

Во обид да ги прикаже „вистинските исламски идеали“, Ирскиот муслимански совет за мир и интеграција во саботата поканил голем број луѓе, од други вери или атеисти, да го споделат духот на светиот празник.

irska muslimani iftarПостот за време на Рамазан се врши од изгрејсонце до зајдисонце за да ја прикаже воздржаноста и е еден од петте столба на исламот. Во текот на денот учесниците во светиот настан мора да се воздржат од јадење, пиење, пушење, секс и други задоволства сè додека да падне ноќ.

„Додека повеќе од една милијарди муслимани низ целиот свет го прославуваат Рамазан со пост и ги ценат благодатите што ни се дадени, подеднакво е важно ирската муслиманската заедница да допре до нашите соседи, како пример на вистински исламски идеали“, рече д-р Омер Ал-Кадри, имам и претседател на Советот.

Споделената ифтар-вечера, оброкот со кој завршува постот, се одржа во Даблин, а на неа присуствувал и еден Евреин-жртва на холокаустот, кој одржал и говор.

Д-р Ал Кадри е отворен поддржувач на ЛГБТ-заедницата во Ирска, споредувајќи ја дискриминацијата на хомосексуалците и на трансродовите луѓе со дискриминацијата што ја доживуваат муслиманите.

По пукањето во геј-клуб во Орландо, Флорида, тој за Ајриш егзаминер изјави дека ја поддржува ЛГБТ-заедницата.

„Ја поддржувам ЛГБТ-заедницата и сум против маргинализација на секоја група“, рече тој. „Тоа не требаше да се случи. Ние самите сме малцинство, сфаќаме што е дискриминација“.

/МКД.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови апсења по обидот за атентат врз митрополитот на Крим, Тихон (Шевкунов)

Руските безбедносни служби спровеле претреси во Москва, Псковската област и на Крим, во рамки на истрагата за наводниот...

Православието станува дел од холандското образование

Во Холандија, од учебната 2025-2026 година ќе се воведе нова тригодишна пилот-програма каде што предметот „Православно христијанство“ ќе...

Букурешт ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир во 2026 година

Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде...

„Божја заповед“ или стратегија? Русија планира православна капела под НАТО-радарите во Норвешка

На островот Вардо, во северна Норвешка, каде што се наоѓаат големи радарски станици на НАТО, се појавилнеобичен проект:...