Синдикатот на свештеници на Бугарската Православна Црква го повика Синодот да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА и така вистински да се дефинира како „Мајка Црква“.
-На состанокот на синдикатот вечерта по одлуката на Синодот на БПЦ беше категорично одлучено со 100% согласност од свештениците дека Бугарската Православна Црква, како „Мајка Црква“ треба да ја препознае и признае автокефалноста на Македонската Православна Црква, изјавил за бугарските медиуми, Христо Латинов претставник на Синдикатот.
-Категорично сметаме дека БПЦ не го направи неопходното, тоа е еден вид предавство кон БПЦ. Таа архиепископија е дел од БПЦ, од друга страна јас сум апсолутно убеден дека Цариградската патријаршија ќе биде благонаклонета кон МПЦ да и ја даде автокефалноста, вели Латанов.

