Почетна Вести Христијанство ГЕОРГИЕВСКИ: Добро е што БПЦ направи еден чекор, можеби СПЦ ќе направи два
ГЕОРГИЕВСКИ: Добро е што БПЦ направи еден чекор, можеби СПЦ ќе направи два

ГЕОРГИЕВСКИ: Добро е што БПЦ направи еден чекор, можеби СПЦ ќе направи два

614
0

Претседателот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски ја поздрави одлуката на БПЦ да почне процес за застапување на МПЦ-ОА и се надева дека ова нема да биде само прв чекор, туку сето тоа ќе даде и конкретна завршница.

-Во исто време, не можам да се изначудам на бројните македонски аналитичари кои овој обид на МПЦ го нападнаа или карикираат, најчесто фаќајќи се за поимот „мајка“ – црква. Па да ги потсетам овие критичари дека Српската православна црква веќе 70 години исто така ни е мајка – црква и на никој во Македонија тоа не му претставуваше проблем. Читајќи ги овие критичари излегува дека повторно ни е крива Бугарија за тоа што српската православна црква не не признава со децении. Конечно, можеби е добро што Бугарската православна црква направи само еден чекор за да на тој начин големите пријатели на Србија од Македонија, да направат дополнителен притисок на СПЦ за таа да го направи признавањето. Замислете, каква зафраканција ќе и направи СПЦ на БПЦ додека таа се мисли, сите да не изненади со признавање на македонската православна Црква. Можеме ли само да замислиме каков ефект ќе има тоа на мазохистички расположениот дел од македонскиот народ, вели Георгиевски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *