ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со цел да се поврзат историското наследство и современите вредности во интерес на сите граѓани

„Време е културата да ги соедини минатото и иднината во интерес на сите луѓе,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека нови културни сцени и содржини ќе се развиваат на повеќе локации низ Скопје.

Според најавата, археолошкиот локалитет „Скупи“ ќе добие нова културна сцена, а Скопското Кале ќе биде збогатено со дополнителни културни програми и простори за јавни настани. Дополнително, просторот околу Аквадуктот ќе биде облагороден и претворен во зона со културни содржини достапни за сите граѓани.

„Доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Го имате мојот збор. Најдоброто допрва доаѓа!“, порача Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Видеото може да го погледнете тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...