На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца.
Триесет народни свештеници, со благослов и вера во сопствената земја, ја прекинале зависноста од туѓи јурисдикции и го вовеле македонскиот јазик во црковната администрација. Чин на духовно ослободување и национално достоинство. Тие биле дел од народната борба, стоеле рамо до рамо со борците за слободна Македонија, и со крст и знаме во раце ја создавале основата на она што денес ја нарекуваме Македонска Православна Црква.
Тогаш нашите свештеници ја раскинаа врската со туѓите цркви и го воведоа македонскиот јазик во олтарот на верата.
А денес?
Измеќарите се накотија, па некои од МПЦ, со жалење морам да констатирам дека, дел од тие идеали ги предадоа и заборавија на нивните завети. Наместо да ја продолжат традицијата на тие храбри свештеници, некои денешни ги предадоа борците од 1943-та, ја заборавија одлуката од Издеглавје и потрчаа да станат измеќари на туѓи цркви и туѓи бели дворови.
Историјата не се менува, но совеста останува сведок. Да се потсетиме дека слободата не се добива со поклон, туку со став. Дека црквата без народ е само зграда, а вера без достоинство е само празна форма. Историјата памети.
А Македонија не коленичи пред никого!
Пишува: Петар Богојески – Претседател на Македонски Концепт

