Средбата на грчкиот архиепископ Јероним и Киевскиот митрополит Епифаниј во Фанар во седиштето на Вселенската патријаршија најавува голема можност Грчката Православна Црква наскоро да донесе одлука да почне сосолужување со автокефалната украинска црква.
Веста за оваа средба ја сподели и самата Вселенска патријаршија на својата фејсбук страница, споделувајќи фотографии.
Од фотографиите може да се види срдечна средба меѓу Епифаниј и Јеронним.






