Почетна Вести Европа Грчкиот архиепископ и поглаварот на украинската автокефална црква заедно кај Вартоломеј
Грчкиот архиепископ и поглаварот на украинската автокефална црква заедно кај Вартоломеј

Грчкиот архиепископ и поглаварот на украинската автокефална црква заедно кај Вартоломеј

207
0

На 10 јуни 2019 година, атинскиот архиепископ Јеримон ја посети Константинополската Патријаршија именденот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, кој е на 11-ти јуни. Во пресрет на прославата на патронот, патријархот Вартоломеј ја отслужи вечерната Богослужба, а молитвено учество во неа имал архипископт Јероним и Поглаварот на автокефалната православна црква во Украина Киевскиот Митрополит Епифаниј.

Ова е прва средба на Поглаварот грчката црква со Поглаварот на Украинската автокефална црква. Сепак, тие  не служеле заедно во Фенер, бидејќи Грчката Црква сè уште формално не се произнес по ова прашање.

Сепак, аналитичарите велат дека нивното заедничко присуство во вечерната служба е втор позитивен знак што Грчката Црква го испраќа до автокефалната православна црква во Украина. Пред помалку од еден месец, грчки архимандрит добил благослов за отпуст за да биде поставен за епископ на христијаните што зборуваат грчки во Украина во автокефалната црква.

/двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *