Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј изјавил дека единствениот договор што СПЦ го прифаќа е оној во кој Косово е дел од Србија.
– Тоа е апсолутно ставот на Црквата и таму ништо не е променето. Ние сепак ќе видиме во кој правец се одвиваат преговорите меѓу српската и албанската страна, сè уште се запознаваме со ова материјата, изјави патријархот Иринеј за „Нова.рс”, коментирајќи ги преговорите кои претходните денови се одвиваа меѓу Белград и Приштина.
Тој истакна дека Српската православна црква ќе се вклучи во преговорите за Косово, доколку добијат покана.
– Ако некој нè покани и ни даде шанса, ние ќе се вклучиме во разговорите за Косово. Во спротивно, сигурно ќе го следиме напредокот на преговарачкиот процес, рече Иринеј.


Голем минус за Вас … не знам зошто воопшто објавувате вакви текстови … ова нема врска ни со вера, ни со религија … како и се околу горенаведениот …