Почетна Вести Христијанство Зошто се важни и како го менувале светот, Светите Кирил и Методиј
Зошто се важни и како го менувале светот, Светите Кирил и Методиј

Зошто се важни и како го менувале светот, Светите Кирил и Методиј

63
0

Во современиот свет тие се единствените личности што можат да се дефинираат како мост меѓу вечниот ривалитет на Источна и Западна Европа

Светите Кирил и Методиј се едни од најважните личности во словенската, а со тоа и во македонската, но и во европската историја. Нивното дело е револуција во дотогашната светска мисла дека христијанството може да се проповеда само на три јазици – еврејскиот, грчкиот и латинскиот.
Тие успеваат со своите мисии да го внесат словенскиот јазик, создавајќи ја глаголицата како писмо засновано на говорите од тогашното население од околината на Солун.

По повод Денот на словенските просветители, кој се чествува секој 24 мај, се потсетуваме на важните придобивки од делото на словенските рамноапостоли, светите Кирил и Методиј. Нивната мисија е од огромна важност за сиот словенски свет, а неоспорни се и универзалните вредности на нивниот предизвик.

Најзначајната мисија за браќата е Моравската мисија, за која специјално ја создале глаголицата, посебна азбука според јазикот што го зборувале Словените, составена од 38 букви. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија.

Нивната дејност наишла на силен отпор од германските свештеници, кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глаголското писмо.

Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до папата Никола Први, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со папата.
За делото и големината на браќата Константин и Методиј дознал и кнезот Коцел од Панонија (Панонска мисија), кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата. Константин и Методиј останале во Панонија 6 месеци и во тој период ги ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население.
Оттаму преку Венеција отпатувале за Рим.

Во Рим браќата биле примени од папата Адријан Втори. Нему му ги предале моштите од папата Климент Први. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на христијанството и поради честа што му ја направиле на починатиот папа Климент, Адријан Втори го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на словенски јазик, црковните книги што биле преведени на словенски јазик и писмо биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата бил осветен од папата, кој дозволил во Велика Моравија и во Панонија да се одржува богослужба на словенски јазик.

Целиот текст на ФАКУЛТЕТИ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *