Затвореници кои биле поканети да ручаат со папата Франциск за време на неговата скорешна посета на Болоња, ја искористиле можноста и побегнале.
Двајцата мажи кои биле во рехабилитациска установа за нарко-зависници биле меѓу 20-те осуденици кои требало да се сретнат со папата предминатиот викенд. Но, исчезнале непосредно пред тоа и оттогаш не се видени.
Папата меѓу другото, говореше и за милосрдието. Тој редовно кани затвореници на своите патувања вон Ватикан.

