Почетна Вести Европа За Српскиот Патријарх, Рускиот Патријарх е Икона Божја, а Вартоломеј зло што фрлил бомба во Православието

За Српскиот Патријарх, Рускиот Патријарх е Икона Божја, а Вартоломеј зло што фрлил бомба во Православието

462
0

Српскиот патријарх Иринеј смета дека Вселенската патријаршија фрлила бомба во дворот на Православието, со тоа што потпишала Томос за автокефалност на Украинската православна црква.

Ова Иринеј, лично му го соопштил на Рускиот Патријарх Кирил, за време на приемот во Москва, во рамки на јубилејот од интронизацијата на Кирил за Патријарх.

-Украина е големо искушение за Православието. Тоа не е нешто што доаѓа од надвор, туку од внатре од Православието. Тие што го смислиле тоа зло, тоа го направиле намерно за да фрлат бомба во Православието. Тоа не е канонско и црковно, туку е чисто политичко прашање. А знаеме и зошто тоа го прават. Тоа мора да се реши. Ние сега овде во Москва треба да одлучиме што треба да правиме, ми вели Српскиот на Рускиот Патријарх, заблагодарувајќи му се што Русија никогаш не и одмогнала на Србија и секогаш останала верен нејзин пријател.

Српскиот Патријарх не штедел пофални зборови за Рускиот Патријарх, па во еден момент го нарекува и како Икона Божја.

Погледнете го видеото:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *