Почетна Интервју За големо зло е доволен и само еден човек
За големо зло е доволен и само еден човек

За големо зло е доволен и само еден човек

307
0

Интервју за српска „Политика“: Реис ул улема Сеад Насуфовиќ, поглавар на Исламската верска заедница на Србија

Исламскиот теолог и педагог, филолог по српски и босански јазик Сеад Насуфовиќ (37) пред неколку дена е именуван за нов реис-ул-улема, поглавар на Исламската верска заедница во Србија.  Таму работи веќе дваесет години како имам во Бар и Нови Пазар, како професор во Новопазарската медреса, како предавач на Факултетот на исламските науки и како член на владината комисија за веронаука. Роден е во Бело поле, а живее во Нови Пазар, град кој го смета за свој дом. Оженет е и има четири деца.

SEAD NASUFOVIC 1За себе вели дека е европски муслиман и дека е горд на својот идентитет.  Своето прво интервју за српска „Политика“ го дал еден ден пред терористичките напади во Ница.

-Дел од исламското верување е дека човекот треба да го тргне од патот она што му пречи на патникот. Замислете колкумуна се оние што застрануваат од вистинскиот пат, поставувајќи пречки кои ќе имаат фатални последици за патниците и за сличајните минувачи. Затоа е незамисливо дека некој може да го смета за претставник на нашата вера, оној кој го држи во страв целиот свет. Муслиман е оној кој го сака Бог, а исламиста е оној на кој му е најбитен патот кон Бог, а таквите избрале да сакаат погрешна работа – објаснува Насуфовиќ.

Прашан за тоа дали во Србија има појава на ширење на вахабизмот и дали има слика за тоа кои се тие луѓе што пристапуваат во тие параверски движења, новиот реис-ул-улема вели дека народот старува од појава на вахабизмот, селафизмот, но според него, во основа пробемот не е во верувањето.

-Кај помладите кои ги привлекуваат таквите движења проблемот е што ја прифатиле арапската култура и арапскиот национализам. Ние се разбираме, иста книга читаме, исти молитви кажуваме. Но, всушност каде не се разбираме? Не се разбираме токму во погледот на традицијата и на културата. Тие веруваат дека исламот ги носи обележјата на арапската нација и на арапскиот национализам. Тоа не е така. Исламот е еден, низ историјата ја прифаќал традицијата на многу народи и култури и не треба да го поистоветуваме со само една нација – додава Сеад Насуфовиќ.

Вели дека познава некои кои биле малку порадикални, но им поминала таа фаза. Според него, проблемот е во оние кои тоа го работат смислено, за пари и на кои тоа можеби им е задача.

-Никогаш не би кажал дека сум видел 500 луѓе со бради и дека сите се такви. Можеби би кажал дека од тие 500, само петмина се такви. Но, опасно е тоа што за големо зло е доволен и само еден човек – нагласува поглаварот.

SEAD NASUFOVIC 2На прашањето дали има сознанија дека во Србија има групи кои заговараат идеологии од кои се раѓа такво големо зло вели дека веќе е познато дека меѓу борците на блискоисточните боишта имало и српски државјани, како и дека дури се појавиле и видео снимки во кои имало закани со терористички напади.

-Ако кажам дека такви идеологии тука нема, тогаш ќе бидам одговорен за одговорот што сум го дал. Ако кажам дека има, како да го докажам тоа? Помнам еден прекрасен млад човек кој настрада во Сирија. Беше еден од најдобрите ученици во гимназија, беше чесен и добар другар. Никој не знаеше дека има идеја да оди во војна. Тоа беше изненадување за целиот град. Што се случи за да еден таков живот се изгуби од своето друштво? Гледаме дека нема правила. Добро е што ниту во една џамија за која знам, јавно не се повикува на таков начин на живот. Не познавам ниту еден верски работник кој младите ги повикува на пат кои ние го сметаме за погрешен. Но, злото никогаш не е јавно и тука на потег се луѓето кои го чуваат редот и мирот во земјата, кои тоа треба да го контролираат. Наша улога е да со своето однесување ги учиме луѓето како треба да се владее како муслиман. И за тоа зборуваме насекаде и на секое место.

/ПОЛИТИКА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *